Јога нидра е посебна практика наречена и положба на јогиско спиење или психички сон. Под соодветно водство со неа, меѓу другото, може да се почувствуваат и 5-тте „коши“ (енергетските структури на телото и на нашето постоење).
[rml_read_more]
Овие слоеви се нарекуваат уште и „тела“ и ги вклучуваат физичкото, енергетското, менталното, интелектуалното и таканареченото – „тело на „блаженство“. Јога Нидра обезбедува рамка за индивидуално искусување на овие слоеви и овозможува практикантот да се одмори во свесна состојба.
За оние кои сакаат да истражуваат различни фокуси на свеста, Јога Нидра е conditio sine qua non (она без коешто не се може).