Јантра е мистичен дијаграм што се среќава во индиските религии и филозофија. Се користи за помош во медитацијата и за придобивките од неговите наводни окултни моќи врз основа на тантричките текстови и хинду астрологијата. Тоа е еден вид симбол што претставува посебни аспекти од универзумот. Древното учење „васту“, кое се создало на тлото на денешна Индија пред околу 5000 години, своевиден претходник на фенг шуи, верува дека суптилните и моќни влијанија на природата се составен дел од нашата непосредна околина и дека затоа сите градби треба да се градат според одредени правила. Ако не можеме да ги следиме овие закони, односно да го промениме распоредот на собите и мебелот во нашата средина, може да примениме корективни мерки со помош на јантрите, кои го штитат просторот.
Верувањата се дека јантрите комуницираат со животната енергија (прана) на нашиот дом и на тој начин создаваат забележителни промени. Затоа е добро да се постават на соодветни места од каде најефективно ќе влијаат на обликувањето на просторните енергии.
Ако пак, користите јантри за поддршка на терапијата при лекување на одредени болести и решавање на конкретни проблеми, ставете ги директно под душекот на кој спиете за да бидат прецизно насочени кон одредени чакри (енергетски центри во телото) или органи. Овој метод е многу ефикасен бидејќи јантрите на овој начин делуваат кога телото е поприемчиво за суптилните вибрации во просторот.
НАПОМЕНА: Ако во просторот поставувате повеќе различни јантри, тоа треба да го направите согласно одредени законитости. Сепак, дури и тогаш, тие самите по себе не може да направат чуда со вашиот живот. Поважно од сѐ е да работите на себе и на сопствената реализација со помош на јантрата како инструмент. Изработката на јантрите, нивна распределба во просторот и начинот на медитација со нив е една од темите на работилниците на центарот Веданта.