Со примена на древните медицински практики, развивани од цивилизациите на Индија и Кина, а надополнети со суптилната енергија на природните кристали и есенцијалните масла, постоиме да ви помогнеме повторно да ја вратите рамнотежата во вашиот систем и да се ослободите од физичката или психичка болка.

Преку промоција на здравиот стил на живот и со примена на повеќе докажани исцелувачки техники, ќе воспоставиме максимална функционалност на вашето тело и ќе го унапредиме вашето здравје.

Што е тоа здравје?

Во Центарот Веданта, човекот го гледаме како мултидимензионално битие, кое покрај физичко тело има и своја свест, меморија, емоции и (био)енергетски систем.

Кога секој од овие системи функционира непречено, без да манифестира аномалија од каков било карактер, велиме дека човекот е здрав. Секако, ова е само „груба“ форма на поимот – здравје. Деталите се мошне посложени и нивната комплексна физиологија е предмет на некои од семинарите во организација на Центарот Веданта.

Одржувањето на хармоничната спрега помеѓу сите делови на човечкото битие, како и корекција на евентуалните аномалии во различните нивоа на постоење е главната цел на третманите во Центарот Веданта.

Методи и техники во ВЕДАНТА

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk