Техники на јога дишење – PRANAYAMA

За неа пишува и во древните јогиски текстови, но и во современите научни истражувања.

Под поимот „Pranayama“ се подразбира систем од повеќе програми на вдишување и издишување коишто имаат непосредно влијание на физичкото и на енергетско ниво. Дејството е особено изразено врз нервниот систем, предизвикувајќи негово опуштање, но докажани се придобивки и во одржување на имунитетот.

Сепак, практикувањето на пранајама не е само работа со респираторниот и нервниот систем, туку и преминување на подлабоко ниво на свесност. Пристап до нивоата „зад здивот“.

[rml_read_more]

Програмите содржани во поимот – пранајама ни даваат можност да дојдеме во контакт со животната сила која ги надминува флуктуациите на умот и сетилата, со што нè прави свесни за постоењето на универзалната свест.

Пранајама техниките се споменуваат во важни јогиски и ајурведски текстови. Тие се едно од 8-те основни начела на јогата (Јама, Нијама, Асана, Пранајама, Пратјахара, Дарана, Дјана, Самади) и се споменува во најпознатата јога колекција, Јога Сутрите на Патанџали, во кои се среќаваме со познатата дефиниција за јогата:

– Јогата е целосно смирување на флуктуациите на умотYogas citta vrtti nirodhah

Смирувањето на умот со „нови“ мисли често е парадоксално и едноставно кажано – невозможно. Не можеме да влијаеме на умот со умот – но можеме да влијаеме на умот со техники на јогата, или во овој случај, со здивот преку техниката пранајама.

Во Ајурведата, древната ведска медицина, пранајама се користи како една од најважните терапевтски техники за доведување во рамнотежа на телото и умот, особено ако е целосно прилагодена на физичката и менталната конституција, климата, годишните времиња и моменталната состојба на личноста.

Пранајама е особено погодна за луѓе кои:

имаат проблеми со респираторниот систем
имаат несоница
сакаат да научат ефективни техники за смирување на умот
сакаат да создадат добра основа за медитација

 

Leave a Comment

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk