Дали е тоа наједноставен начин да изгледате како јогин? Tренд кај духовните луѓе, или пак, само измислен, популарен начин да се заврши часот по јога? Не!
„Намасте“ е натопен со длабока и суштинска историја. Неговото разбирање ни ја дава вистинската перспектива за подлабок увид во овој често пати употребуван термин.
Во деведесеттите години, кога јогата почна да се шири на западот, намасте беше нов начин за меѓусебно поздравување на „колегите“ јоги. Тоа се изговараше со трепет во гласот и често пати со стравопочит. Сега пак, се кажува толку често и со таква удобност, што можеби нѐ оддалечува од првобитната идеја – зошто го кажуваме и што всушност значи?
[rml_read_more]
Постојат бројни преводи на терминот кои се прилагодени на западниот начин на размислување и живеење. Сепак, само делот од нив кој вели дека Намасте е повеќе од само поздрав, е апсолутно точен.
Намасте е начин на признавање и чест кон другата личност, истовремено покажувајќи отвореност нашата свест да се сплоти со онаа на личноста кон која се обраќаме. Преку поздравот ја покажуваме и безусловната љубов и почит кон останатите.
Некогаш на јога сесиите се употребувал како чин со кој се искажувала не само почитта кон учителот, туку и гест со кој ученикот покажувал подготвеност да ја отвори свеста за знаењата од учителот.
Од друга страна, самата положба на рацете е истовремено и „Анџали мудра“ (Anjali mudra).
Поставувањето на рацете и дланките на одреден начин, го контролира протокот на енергија низ енергетските меридијани и го пренасочува кон одредена област на телото, во зависност од поставенста на прстите и дланките.
Анџали мудра, меѓу другото, ја стимулира и срцевата чакра, Анахата, додека придобивките за ментално здравје вклучуваат:
Подобрување на фокусот за време на медитација
Промовира свесност и фокус „кон внатре“
Го смирува умот
Го ублажува стресот
Ги поврзува десната и левата хемисфера на мозокот
Постои и друга филозофија за нејзината употреба, а тоа е поздрав на соговорникот без притоа да се оствари физички контакт со дланките. Така, и двајцата би биле заштитени од трансфер на телесната меморија од едното тело на другото. (Овој езотериски аспект е прилично деликатен и е една од темите на работилниците на Центарот Веданта).