Традиционалната кинеска медицина e комплексен медицински систем проткаен со сегменти од источната филозофска мисла и традиција. Успешно се користи повеќе од 5.000 години, а потекнува од древна Кина.
Специјални стаклени садови, со помош на оган, се поставуваат на одредена акупунктурна точка, долж енергетскиот меридијан. Ова помага да се зголеми протокот на крв, да се олабави сврзното ткиво и да се стимулира природниот процес на заздравување.
Претставува употреба на зажарено стапче, налик на цигара со листови од див пелин, во близина на меридијаните и акупунктурните точки на пациентот. Заедно со другите техники помага во подобрување на протокот на енергијата на телото.
На одредени делови од нашето тело се наоѓа холограмска мапа на целиот организам. Преку тие локации, со примена на посебна техника, ефикасно може да се делува на енергетските текови во одредени органи или системи.
Ароматерапијата претставува контролирана употреба на есенцијални масла со цел да се подобри и/или да се унапреди физичкото, емоционалното и менталното здравје на луѓето.
Во оваа техника терапевтот ја трие вашата кожа со кратки или долги потези за да ја стимулира микроциркулацијата на мекото ткиво, што го зголемува протокот на крвта. Потезите се прават со специјални инструменти со мазни рабови.
Медитацијата е практика во која поединецот може да продре до неговото најинтимно катче и да ги спознае и прочисти евентуалните трауми потиснати во потсвеста. Таа е и патот за постигнување на длабок внатрешен мир.
Холистичкиот wellness ја концептуализира нашата состојба преку согледување на сите аспекти од нашиот живот и нѐ води низ процесите на корекција на нашиот енергетски и соматски систем, што е прв чекор за да се почувствуваат промени во животот.
Стабилната фреквенција на природните кристали на мошне суптилен, но ефикасен начин влијае врз специфичната вибрација на нашите органи овозможувајќи нејзина корекција при евентуална патолошка состојба.
Јогата е начин на живеење, водич за смирување на умот и унапредување на целиот систем. Таа постои подеднакво за секого, бидејќи јога е состојба на свеста, а не извиткана положба на телото.
Access bars® е техника на нежен допир на одредени точки на главата. Преку нив се делува врз сите наши емоции, убедувања, ставови и навики. Секое од нив би можело да создава ограничување кое нѐ спречува да го оствариме својот полн потенцијал.
Во релаксирана и пријателска атмосфера, во Скопје или пак, во некои од планинарските домови во Македонија, организираме работилници и семинари на различни теми од областа на јогата и комплементарната медицина.
!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk