ДАРМА, мисијата на нашето сопствено битие

Зборот дарма доаѓа од санскритскиот збор dhri, што значи „држење“, „одржување“ или „зачувување“. Во Ведите и другите древни хинду текстови, значењето на терминот се однесувал на космичкиот закон што создава хармонија во универзумот. Подоцна, тој е применет и во други контексти, вклучително и начини на живеење или на однесување кои го спречуваат општеството, семејството или природата да се впуштат во хаос.

На индивидуално ниво, Дарма се однесува на личната мисија или цел. Се смета дека дармата на поединецот е однапред одредена и е во корелација со кармата. Патот во животот е под влијание на  универзални закони, а единствениот начин за напредок е да се следи и да се работи на вродената цел. А, тоа не е ништо повеќе од препознавање и следење на талентите или афинитетите коишто ги имаме од  раѓање. Според Багавад Гита, подобро е да потфрлиме во споствената дарма отколку да бидеме успешни во туѓата.

[rml_read_more]

Се вели дека сите суштества мора да ја прифатат и да се придржуваат до својата дарма за да постојат редот и хармонијата во светот. Ако поединецот ја следи својата дарма, тој го следи својот вистински повик и им служи на сите други суштества во универзумот.

За Хиндусите, сите ентитети имаат своја дарма: дури и сонцето мора да свети, пајакот да плете мрежа, а  пчелите да прават мед. Во будизмот, дарма дополнително значи дејствување во согласност со учењата на Буда.

Се верува дека резултатот од живеењето на овој „вистински начин“ е патот кон самореализација и просветлување.

Leave a Comment

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk