Карма јогата е патот на несебичното дејствување, кога секоја акција се извршува без желба за каква било возвратна корист.
Според некои филозофи, кармата се состои од телесно дејство (физичка карма) и мисловно дејство (ментална карма).
Во карма јога целта е напуштање на Ахамкара (чувството дека сме одвоени ентитети). Така се расчистуваат егоизмот, омразата, љубомората, гневот… од срцето на јогинот и се заменуваат со љубов и сочувство за околината.