Ведите се најстарите хинду свети текстови, кои многумина ги сметаат за најавторитетни од сите текстови. Тие се и најстарите познати текстови кои содржат јогиски учења. Ведите се напишани на санскрит и потекнуваат од древна Индија. Постојат четири Веди, или книги, кои ја сочинуваат збирката на ведската литература. เกมยิงปลา game slotonline
Пишувани се пред илјадници години, но се верува дека тие содржат знаење и мудрост кои потекнуваат столетија претходно, кога писмото не било познато, а знаењата се пренесувале усно, од учител на ученик. За писателите на текстовите се знае многу малку. Всушност, Хиндусите сметаат дека Ведите се без автори или дека не се творба на човекот. Наместо тоа, тие веруваат дека првично им биле откриени на древните мудреци преку божествена инспирација.
Постојат четири текстови кои ги сочинуваат Ведите: Риг-Веда, Сама-Веда, Јаџур-Веда и Атарва-Веда.
Риг-Веда е најстарата, која датира од 1500 п.н.е., и за многумина најпочитувана од четирите. Претставените химни и мантри во неа се користеле за повикување на храброст, среќа, здравје, мир, просперитет, успех и мудрост. Од Риг-Ведата потекнува и познатата Гајатри мантра, која сè уште се користи поради нејзините моќни духовни квалитети. Ја наоѓаме и првата употреба и дефиниција на зборот јога, (RV 1.18.7, 1.30.7, 10.140.9.), но важноста на некои специфични практики, како што се положбите на телото (асани), техниките на дишење и сл. сѐ уште не се споменува. Овие стихови даваат основа и материјал за преостанатите три Веди.
Сама-Веда е чисто посветена збирка на мелодии (saman) кои се користат за подигнување на нечија свест. Химните во Сама-Веда се комбинирани со музички ноти, а нивната содржина во голема мера е извлечена од Риг-Ведата, не давајќи свои посебни поуки. Оваа употреба на музика во комбинација со мантри ја формираше основата за бакти јога практиката на киртан, односно посветено пеење.
Јаџур-Ведата е целосно посветена на обожавањето на божествата и инструкциите за техничките аспекти на церемониите. Јаџур-Веда служела како прирачник за ведските свештеници кои извршувале жртвени дела преку истовремено пеење на песни и мантри додека ја следеле формулата за жртвување (yajus).
Атарва-Веда се состои од магиски ритуали и рими за да се отстранат злото, болестите и несреќите. Нејзините химни се со поразновиден карактер од Риг-Веда и се составени од поедноставен јазик што ги прави подостапни за општата популација.
Ведите нудат разновиден сет на практики, идеи и концепти; меѓу кои и првобитната форма на јогата, како и една од најстарите и најсложени духовни филозофии во светот. Од овие учења произлегоа шест главни филозофски школи. Сите овие Даршани (гледишта) систематски ги претставуваат основните идеи осветлени во Ведите. Тие се: Nyaya (логика), Vaiseshika (анализа на универзумот), Samkhya (класификација на универзумот), Yoga (соединување со Божественото), Mimansha (ритуално толкување на Ведите) и Vedanta (истражување на Себството).
Бидејќи сите овие филозофски системи потекнуваат од ист извор, се смета дека тие се надополнуваат, без да постои компетиција помеѓу нив. Со текот на времето, Ваишешика, Нјаја и Мимамса станаа малку застарени и не се практикуваат активно. Самкја, Веданта и Јога продолжуваат да имаат силно значење и влијание во индиската мисла и многу од практиките што еволуирале од овие Даршани продолжуваат да се практикуваат и денес.