Јога Сутри – Запис на изворните знаења

Некогаш, многу одамна, древните знаења за јогата генерациски се пренесувале усно, од учител на ученик. Како што изминувале столетијата се наметнала потреба знаењето да остане запишано и достапно и за следните генерации, без притоа да претрпува какви било промени или модификации, кои што несакајќи можеле да се случат при усното пренесување на знаењата. Тоа било еден од мотивите да се напишат Јога Сутрите. Сепак, нивното толкување станало и останало сериозен предизвик за толкувачите на ведската мудрост чија задача е овие стихови да се протолкуваат без да се изгуби изворната мудрост и филозофија втемелена од нивниот творец.

Имено, Јога Сутрите се збирка текстови напишани од мудрецот Патанџали, околу 400 г.не. Колекцијата го содржи она што се смета дека е основата на класичната јогиска филозофија и е составена од 196 сутри („нишки“ или дискурси).

196-те сутри се поделени во четири тематски книги:

Samadhi pada (што е јога)
Sadhana pada (како да стекнете јоги состојба)
Vibhuti pada (придобивки од редовно практикување јога)
Kaivalya pada (ослободување или ослободување од страдање)

Многу поединци се обидуваат да ја искористат мудроста на Патанџали во секојдневниот живот, не само во време на медитација и вежбање асани.

Нашето вистинско Јас се крие во тишината помеѓу нашите мисли. Меѓутоа, сомнежите, хаосот и збунетоста на нашите мисли нè тераат да заборавиме кои сме навистина и нѐ оставаат на кошмарот на нашите мисли.

Во Јога сутрите се наведени практики со кои можеме да го започнеме нашето духовно патување.

Се нарекува принцип Аshtanga, или 8 „гранки“ на јогата.

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk