Холистички Wellness
Во свет каде што сè е поделено, холистичкиот wellness е пат кон повторното единство.
Тоа е повик да се вратиш дома – во себе. Да го слушнеш телото што шепоти кога душата премолчува. Да го смириш умот кој бара контрола и да му дозволиш на здивот да биде учител.
Холистичкиот wellness е уметност на присуство.
Тоа е враќање на човекот во неговиот природен ритам – таму каде што здравјето не е цел, туку состојба на хармонија.
ПРИДОБИВКИ ОД ХОЛИСТИЧКИОТ ВЕЛНЕС
Холистичкиот wellness не нуди брзо решение, туку длабока преобразба. Тој не се грижи само за симптомот, туку за причината што тивко стои под него — за зборот што не бил кажан, за чувството што било потиснато, за телото што заборавило да слуша.
Придобивките од холистичкиот пристап не се само физички.
Тие се внатрешно будење – ново чувство на мир, јасност и доверба во животот.
Кога телото, умот и духот се во хармонија, сè станува полесно:
исцелувањето, љубовта, одлуките, присуството.
Холистичкиот wellness не е луксуз. Тој е природна состојба на човекот што се сеќава кој е.
Во „ВЕДАНТА“ веруваме дека секое тело има своја мудрост, само треба да му се даде простор да зборува.
Холистичкиот wellness е начин да ја слушнеш таа тишина —
да почувствуваш дека здравјето не е борба, туку хармонија меѓу она што го мислиш, она што го чувствуваш и она што навистина си.
Холистички Wellness пакети
🌸 Пакет „ХАРМОНИЈА“
Во брзината на секојдневието, често забораваме да слушаме.
Да го слушаме телото што повикува на одмор, умот што бара тишина и срцето што тивко потсеќа — време е за себе.
Пакетот „Хармонија“ е создаден за оние што сакаат да се вратат кон рамнотежата — нежно, свесно и природно.
🌿 Вклучува:
Акупресура или Акупунктура – за ослободување од блокади и обновување на протокот на енергија
Техника TUI-NA, со природни масла – за длабока релаксација и поттикнување на циркулацијата
Ароматерапија – за смирување на умот и враќање во внатрешниот центар
Чаен ритуал и момент на тишина – за интеграција на искуството и повторно поврзување со себе
🕊 Траење: 90 минути
💫 Цена: [2.400 ден]
📍 Локација: ВЕДАНТА Центар
🌿 Пакет „Детокс и Обновување“
Ослободување – Прочистување – Регенерација
Секојдневно собираш повеќе отколку што можеш да носиш — мисли, стрес, токсини, напнатост.
Овој третман е создаден за да ти помогне да го ослободиш сето тоа што не е твоја вистина.
Вклучува:
Лимфна дренажа – за поттикнување на природното прочистување на телото
Рефлексотерапија за органите за елиминација – за подобар проток на енергија
Огнени садови (вендузи) – за канализирање на заморот и поттинкување на енергетски текови
Чај за детокс и обновување на виталната сила
🕯 Траење: 90 минути
💧 Цена: [2.400 ден.]
🌸 Пакет „Анксиозност“
Тишина – Фокус – Присуство
Анксиозноста често се појавува незабележано, како тивок шепот во умот, кој постепено се претвора во немирен виор.
Можеби знаеш како е да се чувствуваш затрупан од невидлив притисок, да се грижиш за нешто што не можеш да го контролираш или да стравуваш за нешто што допрва „ќе дојде“.
Анксиозноста не ги одбира луѓето — таа тихо се појавува…
Во „ВЕДАНТА“ ќе ви помогнеме да ги истражите корените на вашата анксиозност и да изградите практични вештини за живот кои ќе ве вратат во позицијата – управувач на вашиот ум.
Вклучува:
- Почетна сесија за мапирање:
Целосна проценка на вашите уникатни предизвици
Идентификување на „активирачи“ и модели на размислување.
Практични алатки за секојдневна употреба:
Водич за вежби
Акупунктура или Акупресура, за смирување на нервниот систем
Краток момент за рефлексија
🌙 Траење: 75 минути
💫 Цена: [2.100 ден.]
🌺 Пакет „Хормонален баланс“
Овој третман е создаден за да се вратите кон вашите природни текови и хормонален баланс.
Нередовни и болни месечни циклуси, напнатост и импулсивност во периодот пред и после циклусот? Интензивни главоболки…?
Ова е пакетот за вас
Вклучува:
Акупунктура или Акупресура, за баланс на хормоните и емоциите
Кинеска TUI-NA или Chi Nei Tsang, за придвижување на енергетските текови
Ароматерапија, за подобар контакт помеѓу физичкото и емоционалното тело
Водена медитација, за смирување на умот и ослободување од стресот
🌸 Траење: 90 минути
💮 Цена: [2.400 ден.]
🌙 Пакет „Длабока Релаксација“
Мир – Ослободување – Тишина
Понекогаш не ти треба збор, туку разбирање.
Не одговор, туку тишина.
Овој третман е создаден за целосно смирување на нервниот систем, за ослободување од внатрешниот притисок и враќање на телото во состојба на длабок мир.
Вклучува:
Техника TUI-NA, со топли масла и свесно дишење
Акупунктура или Акупресура на точки на стрес и напнатост
Завршен ритуал со кратка медитација
🕯 Траење: 75–90 минути
🌿 Цена: [2.400 ден.]
Длабока тишина во која телото памети дека е безбедно.
