Рефлексотерапија

Оваа практика е документирана во повеќе древни списи откриени на тлото на Индија, Кина и Египет. Се базира на учењата дека на делови од нашето физичко тело се наоѓа холограмска мапа на целиот организам. Стапалата, дланките и ушната школка се дел од локациите на кои се пресликува целото наше тело и од каде може да се интервенира на енергетските текови во одредени органи и системи.

pixabay

Техниката се применува за опуштање и релаксирање на физичкото и енергетското тело, како и за поттикнување на движењето на виталната енергија. Помага за побрзо надминување на состојби на хроничен замор, психичка напнатост и чувство на тежина во целото тело.

Најпопуларната интернет страница од областа на медицински информации и совети за здравјето, WebMD, наведува дека рефлексотерапијата има позитивно дејство кај повеќе состојби.

Истражувачите прегледале 17 студии за психолошките придобивки од терапијата и откриле дека таа ги зголемува чувствата на благосостојба и им олеснува на луѓето да управуваат со нивните симптоми.

Потребни се повеќе истражувања за да се види дали рефлексологијата може да има директен ефект врз одредени состојби, но досегашните тврдења се  дека може да олесни:

  • Вознемиреност кај луѓето кои имале операција на срцето
  • Болка од артритис
  • Некои симптоми на мултиплекс склероза, како замор и непријатни сензации на кожата
  • Болки во грбот
  • Некои психосоматски заболувања…

Сесиите обично траат 30 – 45 минути. Во одреден момент, може да се чувствувате толку опуштено што ќе заспиете или може да почувствувате наплив на емоции додека енергијата се движи низ вашето тело. После тоа, почнувате да се чувствувате енергични или да имате чувство на смиреност и спокој.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk