Ароматерапија

Луѓето користат ароматерапија илјадници години. Античките култури во Кина, Индија, Египет и на други места инкорпорирале ароматични растителни компоненти во смоли, мелеми и масла. Овие природни супстанции се користеле за медицински и религиозни цели. Било познато дека тие делуваат не само на телото, туку и на психата.

Ако ви треба подобрување на психофизичката состојба, од анксиозност до неквалитетен сон или несоница, можеби треба да ги почувствувате благопријатните ефекти на ароматерапијата. Во овој вид третман користиме екстракти од растенија наречени есенцијални масла, чии ароматични испарувања навлегуваат во организмот преку дишењето, дигестивниот систем или преку кожата.

pixabay

Што се етерични (есенцијални) масла?

Етеричните масла се испарливи екстракти од цветови, билки и делови од дрво, како кора, корен, лушпи или ливчиња. 

Овие масла содржат сложени хемиски соединенија на оксиди, терпени, алкохол, кетони и феноли, со специфични својства на дејство.

Контролираната употреба на овие масла не само што доведува до хармонија и рамнотежа на умот и телото, туку има и седативни,  антибактериски, антисептички и ревитализирачки ефекти.

Секое есенцијално масло има свои уникатни  својства, начин на употреба и дејство. Комбинирањето на етерични масла за да се создаде синергетска мешавина создава уште повеќе придобивки.

Придобивките од ароматерапијата може да се почувствуваат кај следниве состојби:

  • Ублажување на некои видови болки (ревматски, мигренозни, мускулни, спортски повреди…)
  • подобрување на квалитетот на сонот
  • намалување на стресот, вознемиреноста и анксиозноста
  • ги смирува болните зглобови
  • Антисептичко делува во просториите (борба против бактерии, вируси или габи)
  • Го зголемува чувството на релаксација

Потребни се големи количини растителни производи за да се добијат есенцијалните масла.
пр. повеќе од 200 килограми цвет од лаванда се потребни за да се направи само 450 ml есенцијално масло од лаванда.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk