Вендузи (cupping)

Тоа е техника која користи специјални стаклени садови со различни димензии за вшмукување т.е. создавање на негативен притисок (вакуум) врз кожата и поткожното ткиво.

Со таквото дејство се постигнува:

  • активирање на механорецепторите, кои се стимулираат од примена на надворешната сила, што предизвикува одговор од нервниот систем;
  • предизвикува промена на електричните потенцијали на клеточните мембрани што влијае врз јонската рамнотежа и јонската спроводливост во ткивата;
  • поттикнување на циркулацијата и побрза елиминација на локално насобраните штетни метаболити
  • подобрување на крвотокот во тој дел, со што се зголемува кислородната сатурација во ткивата;

Се смета дека дејството на вендузите може да се манифестира и до 10см. под кожата.

“Designed by Freepik”

Негативниот притисок создаден од страна на вшмукувањето на точките кои се користат во акупунктурата, стимулира зголемување на протокот на Чи и крвта низ меридијаните со цел да се релаксираат затегнатите мускули, да се намали болката, да се елиминираат токсичните метаболити од ткивото и да подобри функцијата на органите.

Оваа терапија се користи за намалување на болки во грбот и вратот, вкочанети мускули, анксиозност, замор, мигрена, ревматизам, па дури и разбивање на целулитот.

Постојат два типа на вендузи терапија: сува и влажна.

Кај сувата метода вендузите се поставуваат врз здрава кожа, додека при изведба на влажната метода, кожата најпрвин се перфорира или се засекува со стерилна ланцета, а потоа над тоа место се поставува стаклениот сад. На тој начин се предизвикува извкелување на неколку капки крв од локалната циркулација.

Механизмите на дејство на оваа техника сѐ уште се предмет на интерес и проучување на современата наука. Дел од нив може да прочитате на следниов ЛИНК.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk