Јога ритрит
Ако посакувате оваа есен да се сместите во еден исклучително мирен и живописен амбиент на брегот на Охридското езеро, далеку од љубопитните погледи на минувачите, но меѓу души кои го живеат патот на трансформацијата, кои се дојдени со отворени срца да споделат, исцелат, запеат и заплачат, тогаш престојниот Веданта ритрит е вистинскиот избор за тебе!
Јогата не е техника за обликување на телото, туку за обликување на вашиот живот.
Јогата не се вежба, јогата се живее. Јогата не се грижи за тоа што сте биле, туку за личноста кон која се стремите.
Јогата не го трансформира начинот на кој го гледаме светот, туку ја трансформира личноста којашто гледа.
А, најважната опрема што ви е потребна за јога се вашето тело и вашиот ум.
Без разлика дали сте нови во јогата или вежбате со години, учењето од различни стилови и учители само го збогатува вашето патување.
Наскоро на ова место ќе биде објавена програмата за Веданта ритритот
Повеќе информации на: yoga@vedanta.mk
ЗА ВАС ПОДГОТВУВАМЕ:
- Природните кристали како стабилни осцилатори и нивна употреба во медитацијата
- Kriya техники за прочистување на енергетското тело (аура)
- Петте слоеви на човечкото тело (Pancha kosha)
- Желбата на нашето срце (Sankalpa)
- Управување со петте елементи на телото (Hasta, Kaya, Citta mudra)
- Енергетска анатомија (Chakra и Nadi систем на телото)
- Медитација – видови, нивоа и начини на медитирање
- Скриената смисла на случувањата во материјалниот свет (Karma и Karma Yoga)
- По патеката на нашата лична мисија (Dharma)