Телото зборува преку болката, умот преку немирот, а душата преку тишината…
Заморот што го премолчувате, стресот што го гушите и болката што ја премолчувате се јазикот на телото што ве повикува да застанете, да слушнете и да се вратите кон себе.
Во центарот за интегративно здравје – „Веданта“, веруваме дека вистинското исцелување започнува со слушање. Секој симптом — било да е тоа хроничен замор, напнатост или немир е порака што чека да биде дешифрирана.
Нашата филозофија е едноставна: ние не третираме болести, туку го подучуваме телото да го врати својот внатрешен баланс.
Нашите методи – акупунктура, вендузи, Туи-на и мокса – се алатки кои го стимулираат вродениот интелигентен систем за самоисцелување на вашето физичко и суптилно тело.
За нас Вие сте единствена приказна што заслужува да биде слушана и разбрана.
Петар Блажевски
Основач и раководител на „Веданта“

Што е тоа здравје?
Во Центарот Веданта, човекот го гледаме како мултидимензионално битие, кое покрај физичко тело има и своја свест, меморија, емоции и (био)енергетски систем.
Кога секој од овие системи функционира непречено, без да манифестира аномалија од каков било карактер, велиме дека човекот е здрав. Секако, ова е само „груба“ форма на поимот – здравје. Деталите се мошне посложени и нивната комплексна физиологија е предмет на некои од семинарите во организација на Центарот Веданта.
Одржувањето на хармоничната спрега помеѓу сите делови на човечкото битие, како и корекција на евентуалните аномалии во различните нивоа на постоење е главната цел на третманите во Центарот Веданта.
Методи и техники во ВЕДАНТА
