Традиционална кинеска медицина
Традиционалната кинеска медицина e комплексен медицински систем проткаен со сегменти од источната филозофска мисла и холистичка парадигма. Успешно се користи повеќе од 5.000 години за дијагностика, третман и превенција од болести, а потекнува од древна Кина.
Се заснова на верувањето дека Чи (виталната енергија) тече низ меридијаните (канали) на телото и го одржува во рамнотежа духовното, емоционалното, менталното и физичкото здравје на една личност.
Отежнатиот или блокиран тек на оваа енергија води до нарушувања во нашето психичко или физичко здравје.
Во системот влегуваат неколку техники:
- Акупунктура
- Моксибустија
- Вендузи
- Хербална медицина
- Гуа ша
- Чи гонг
- Туи на
Акупунктура
Акупунктурата е дел од Традиционалната кинеска медицина. Се користи за ублажување на разни заболувања преку балансирање на виталната енергија (Чи) и активирање на природните процеси за исцелување на организмот.
Се спроведува со вметнување на тенки и стерилни игли во одредени точки на телото.
За нејзината ефикасност сведочат бројни студии. Во 1979 година Светската здравствена организација официјално ја прифати акупунктурата како ефикасен метод за лекување на многу болести. Првично на листата болести коишто може да се третираат со акупунктура биле наведени 48, а во 2002 се додадени уште 43.
Третманите обично траат помеѓу 45 минути и еден час, а токму за време на овие сесии се вметнуваат иглите на места специјално пропишани за пациентот. Подобрување обично се чувствува помеѓу три и шест сесии, иако за првите резултати понекогаш е доволен и само еден третман.
Моксибустија
Тоа е форма на терапија во која се согоруваат суви листови од пелин, пресувани како цигара. Зажарените стапчиња се поставуваат блиску до површината на кожата или пак, дел од нив се прикачува на надворешниот дел на акупунктурната игла. Целта е да се пренесе ослободената топлина во внатрешноста на ткивото.
На тој начин се постигнува термичка стимулација на протокот на крв и на енергија (Чи) во третираното подрачје, но и низ самиот меридијан, со што се поттикнува елиминација на патолошкиот фактор.
Ефектот на оваа техника се манифестира и со пренесување на дразбата од акупунктурната точка до централниот нервен систем (преку периферните патишта), каде предизвикува нервно-ендокрина стимулација.
Наведените податоци се публикувани на официјалната интернет страница на Националниот центар за биотехнологија.
Вендузи (cupping)
Тоа е техника која користи специјални стаклени садови со различни димензии за вшмукување т.е. создавање на негативен притисок (вакуум) врз кожата и поткожното ткиво.
Со таквото дејство се постигнува:
- активирање на механорецепторите, кои се стимулираат од примена на надворешната сила, што предизвикува одговор од нервниот систем;
- предизвикува промена на електричните потенцијали на клеточните мембрани што влијае врз јонската рамнотежа и јонската спроводливост во ткивата;
- поттикнување на циркулацијата и побрза елиминација на локално насобраните штетни метаболити
- подобрување на крвотокот во тој дел, со што се зголемува кислородната сатурација во ткивата;
Се смета дека дејството на вентузите може да се манифестира и до 10см. под кожата.
Негативниот притисок создаден од страна на вшмукувањето на точките кои се користат во акупунктурата, стимулира зголемување на протокот на Чи и крвта низ меридијаните со цел да се релаксираат затегнатите мускули, да се намали болката, да се елиминираат токсичните метаболити од ткивото и да подобри функцијата на органите.
Оваа терапија се користи за намалување на болки во грбот и вратот, вкочанети мускули, анксиозност, замор, мигрена, ревматизам, па дури и разбивање на целулитот.
Постојат два типа на вендузи терапија: сува и влажна.
Кај сувата метода вендузите се поставуваат врз здрава кожа, додека при изведба на влажната метода, кожата најпрвин се перфорира или се засекува со стерилна ланцета, а потоа над тоа место се поставува стаклениот сад. На тој начин се предизвикува извкелување на неколку капки крв од локалната циркулација.
Механизмите на дејство на оваа техника сѐ уште се предмет на интерес и проучување на современата наука. Дел од нив може да прочитате на следниов ЛИНК.
Гуа ша
Во оваа техника терапевтот ја трие (ја струга) вашата кожа со кратки или долги потези за да ја стимулира микроциркулацијата на мекото ткиво, што го зголемува протокот на крвта. Овие потези се прават со специјални инструменти со мазни рабови, откако претходно местото е премачкано со природни масла.
Како што наведува „WebMD“, една од најпопуларните интернет страници за здравство од САД, Гуа ша може да се користи како дополнителен третман при следниве состојби:
- Хепатитис Б
- Мигрена
- Тикови на мускулатурата
- Болки во вратот
- ПМС…