Моксибустија

Тоа е форма на терапија во која се согоруваат суви листови од пелин, пресувани како цигара. Зажарените стапчиња се поставуваат блиску до површината на кожата или пак, дел од нив се прикачува на надворешниот дел на акупунктурната игла.  Целта е да се пренесе ослободената топлина во внатрешноста на ткивото.‌

Во поново време во употреба се и бездимни стапчиња, подеднакво ефикасни како и моксата со пресуван пелин.

На тој начин се постигнува термичка стимулација на протокот на крв и на енергија (Чи) во третираното подрачје, но и низ самиот меридијан, со што се поттикнува елиминација на патолошкиот фактор. 

Freepik

Ефектот на оваа техника се манифестира и со пренесување на дразбата од акупунктурната точка до централниот нервен систем (преку периферните патишта), каде предизвикува нервно-ендокрина стимулација.

Наведените податоци се публикувани на официјалната интернет страница на Националниот центар за биотехнологија. 

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk