Медитација

Современиот начин на живот има огромна потреба од витална противтежа.

Медитацијата не е техника, тоа е состојба. Како што мораме да ги тренираме нашите тела за да бидат силни и флексибилни, така мора да го тренираме нашиот ум, со исто ниво на фокус и трпение.

Смирената свесност може да му припадне на секој од нас, без разлика на нашиот интерес за духовност или за наука, бидејќи во медитацијата доаѓа до постепено смирување и прекин на менталната активност.

Правилната медитација ни помага да се фокусираме и сконцентрираме. Ни помага да го намалиме стресот и прекумерното размислување.

Луѓето често имаат навика да се навраќаат на некои минати моменти и да размислуваат за тоа што би можело да биде, каков би бил нивниот живот ако само нешто се случеше поинаку. Наместо да го живееме сегашниот момент и животот што го имаме сега, често сме под стрес од оние мисли на кои се фокусираме. Преку медитацијата почнуваме да сфаќаме дека треба да бидеме благодарни за сите минати моменти и лекции. Го прифаќаме минатото и се отвораме за нови искуства. Веруваме дека сѐ е како што треба, и дека сѐ се случува со многу добра причина. Да научиме дека ситуацијата во која се наоѓаме никогаш не ни предизвикува стрес, туку нашата анализа на таа ситуација.

Ни помага да се спознаеме себеси и нѐ води кон себеприфаќање и сочувство кон другите луѓе.

Кога сме свесни за нашите мисли, чувства и однесувања, учиме да се прифаќаме себеси. Ги прифаќаме нашите мисли и чувства без осудување. Учиме да разбереме зошто размислуваме, чувствуваме и реагираме на начинот на кој го правиме тоа. Ова ни помага да се чувствуваме повеќе поврзани со себе и со другите околу нас. Кога ќе го разбереме начинот на кој функционираме, тогаш можеме да разбереме зошто другите се однесуваат на одреден начин. Реагираме без осудување. Тогаш разбираме дека секој прави најдобро што може и дека има свои причини кои треба да ги почитуваме.

Деталите околу тоа што претставува медитацијата и како правилно да медитираме се предмет на голем број семинари и работилници во организација на друштвото Веданта.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk