Кристалотерапија
Уште пред многу векови луѓето им се восхитувале на природните кристали. Неслучајно биле вградувани во круните на владетелите и во накитот на благородниците. Древните цивилизации препознале дека светкавите парчиња имаат свои влијанија и почнале да ги користат и како средства за исцелување и заштита.
Култот кон нив продолжува и денес.
Современата наука потврдува дека секое природно парче кристал има своја специфична вибрација и бранова должина. Медицинските истражувања пак, веќе имаат објавено листа на која се претставени карактеристичните вибрации на нашите клетки и ткива. Се претпоставува дека здравото ткиво поседува специфичен опсег на вибрации и сѐ додека тие се одржуваат во своите рамки клеточната мембрана е здрава и отпорна и оптимално ја извршува својата функција на полупропусливост и селективност.
Под дејство на вибрации со различна фреквенција, се случуваат најпрвин промени во функцијата на клеточната мембрана, а потоа и на ниво на некои клеточни органели. Тоа има за последица создавање на нови генерации клетки со нарушена функција. Така и самото ткиво, коешто е изградено од тие клетки почнува да ја губи оптималната функција.
Враќањето на функционалната фреквенција на клетките е клучна за ревитализација на органите, а природните кристали се најчисто и најблагопријатно средство за тоа.
Секој од нив има сопствена фреквенција и се користи на начин што може да го определи искусен кристалотерапевт.
Кристалите може да се применуваат како средство за медитација, камче за во џеб, но и како осцилатор за подготовка на кристална вода, лосион или како алатка за меридијанска масажа на телото.
При изведба на кристалотерапијата, терапевтот ги поставува кристалите на специфични точки на телото, во зависност од состојбата на вашиот енергетски систем. Клиентот останува околу половина час со кристалите на своето тело, а за тоа време терапевтот може да додаде или да отстрани некои од поставените кристали.
Повеќе за кристалите и за нивните својства може да дознаете на информативните предавања организирани од центарот Веданта, а во соработка со „Откритие“.