Холистички Wellness
Холистичкото здравје го вклучува здравјето на умот, телото и духот, како начин за подобрување на целокупната состојба.
Холистичкиот wellness им помага на луѓето да ја концептуализираат психофизичката состојба преку согледување на сите аспекти од нивниот живот. Да започнат промени за подобрување на здравјето или да делуваат превентивно, за спречување појава на болест.
Холистичкиот wellness ни помага да постигнеме духовна и емоционална интроспекција преку примена на збир од едноставни техники, лесно применливи за секого од нас.
Класичен наспроти холистички wellness
„Класичниот“ wellness обично се поврзува со физичкото здравје и со релаксација на телото. Вклучува и ментално здравје, но не се фокусира на духовните или социјалните аспекти од животот на една личност.
Холистичкиот велнес е пристап кон здравјето кој ги вреднува сите аспекти од животот на една личност и објаснува како тие влијаат врз целокупната наша состојба. Овој тип на велнес го зема предвид подлабокото разбирање на себеси, како прв чекор кон созревањето и подобрувањето на нашата благосостојба.
Клучните компоненти на холистичката благосостојба вклучуваат:
Физичка благосостојба – одржување на здраво тело преку соодветна исхрана, вежбање, спиење и редовни лекарски прегледи.
Ментално здравје – менталното здравје опфаќа емоционална стабилност, когнитивно здравје и управување со стресот.
Емоционална благосостојба – препознавање, изразување и ефикасно управување со емоциите.
Социјална благосостојба – овој аспект ја вклучува врската што ја имаме со другите, начинот на кој комуницираме, се поврзуваме и формираме врски со другите.
Духовна благосостојба – опфаќа чувство на поврзаност со внатрешното јас и/или верување во повисока сила. Духовната благосостојба може да ни помогне да најдеме смисла во животот и да нѐ инспирира да продолжиме напред.
ПРИДОБИВКИ ОД ХОЛИСТИЧКИОТ ВЕЛНЕС
Подобрено целокупно здравје: холистичкото здравје ги зема предвид сите аспекти на здравјето, што доведува до сеопфатна и избалансирана благосостојба.
Подобрен квалитет на живот: постигнувањето на холистичка благосостојба може да го подобри вашиот севкупен квалитет на живот со намалување на стресот, зголемување на виталноста и промовирање на чувството на исполнетост.
Отпорност на предизвици: холистичкиот пристап ве опремува со алатки за подобро да се справите со животните предизвици, физички и емоционални.
Зголемена самосвест: холистичкото здравје поттикнува саморефлексија и самосвест, што доведува до личен раст и подлабоко разбирање на себеси.
Долговечност: усвојувањето на холистички начин на живот може да придонесе за подолг, поздрав живот преку спречување на болести и промовирање на благосостојба.