Наместо вовед ...

Веројатно секој од нас го посакува она чувство на радост, слобода и безгрижност, за кое ни останаа само уште сеќавањата од раното детство.

Сите сакаме да бидеме среќни, но за повеќето од нас среќата е токму она недофатливо чувство кое се обидуваме да го доловиме или создадеме и кое никако не умееме да го задржиме. Трагаме по среќен живот, но често пати не можеме да си кажеме што е тоа што нѐ прави среќни. Дали е тоа љубовта? Доброто здравје? Парите? Можеби исполнетата кариера? Или пак, сево ова заедно?

Конечно, кога ќе го истресеме сиот прав од умот веројатно ќе се вратиме на првите редови од текстот – радоста! Чиста и блажена радост. Кога нашите срца танцуваат ослободени од секакви предрасуди, условувања, лицемерие, завист…онака како што умеевме да се радуваме кога бевме деца.

Тогаш, во длабочините на потсвеста, почнува да одекнува вродениот ритам на животот и започнува космичкиот танц. Како целата вселена да се радува и да се сплотува со ритамот на нашето срце. Енергијата се придвижува, а материјата почнува да се создава. Природата ја изразува својата вселенска кореографија и се подредува во совршена синхронизација. Не постои ниту сомнеж, ниту страв.

А, нашите мисли имаат посилно влијание врз нашата среќа и радоста отколку што би можеле да претпоставиме.

Ако јогата навистина значи – обединување или соединување, важно е да разбереме дека тоа се случува само кога сме ослободени од мислите и од концептите на дуализмот. Секако, разбирањето на овие коментари за многумина се чинат по малку апстрактни и тешко поимливи, но можеби ќе имаме појасна слика откако ќе ја разбереме суштината на јогата. А, тоа е невозможно без претходно да разбереме што е впрочем јога?

Јогата е начин на живеење, водич за движење напред, а не само вежбање асани (положби на телото) еднаш или двапати неделно. За жал, нашите напори за прилагодување кон асаните го надминаа значењето и суштината на јогата.

Асаните станаа единствената претстава за поимот јога, а Ведската мисла се чини дека исчезнува од јога студијата.., веројатно поради сѐ послабиот интерес на вежбачите за дружба со самите себе и со ликот зад огледалото.

Јогата постои подеднакво за сите. За оние кои имаат свитливо и еластично тело, но и за јогини и јогинки со одредени телесни ограничувања или пак, со килограм повеќе. Сите умеат на свој начин да го достигнат блажениот мир и безусловната радост. Затоа што јога е состојба на свеста, а не само извртена положба на телото.

Секако, не може да се каже дека асаните немаат своја важност. Тие се незаменлива појдовна точка за развој на соодветната телесна геометрија потребна за понатамошниот напредок во јогата. Асаните се и алатки кои ни помагаат да управуваме со свесноста за нашето физичко тело, но и појдовна точка за момент да се одвоиме од него.

А, кога ќе го спознаеме тоа и ќе успееме да се задржиме надвор од атомско-молекуларниот свет, почнуваме да чекориме кон патот којшто има само почеток…

Таму е јогата што ја знам, јогата што ја живеам и јогата што сакам да ја споделам со сите коишто ќе ни се придружат.

Петар

Често поставувани прашања

Системот Веданта ја негува мудроста и филозофијата на древните учења за јогата. Тој не се определува само за еден од четирите класични правци на јогата (Raja, Karma, Bhakti, Jnana), туку опфаќа сегменти од сите. Ако асаните го обликуваат садот, филозофијата и ведската мисла се квалитетите коишто треба да го наполнат. Преку одбрани вежби за телото, техники на дишење, медитација и прочистување на енергетскиот систем на сите нивоа (kriya техники), се доаѓа до „заспаниот“ енергетски потенцијал. Веданта јогата е продор кон вистината надвор од границите на теоретското знаење. Фокус на личните искуства и отворање кон општата свест. Чекор кон почеток на сфаќањето дека – сè е едно.

Започнуваме со – добра вечер, завршуваме со – довидување, она помеѓу зависи од нас 😊, но од прилика вака:

20 мин – Yoga nidra
30 мин – Асани
15-20 мин – Техники за дишење
20-30 мин – Медитација

Проектирано траење на часот: 1 час и 30 минути

Најчесто – да, иако постојат изолирани случаи кога кандидатите  имаат изградено погрешни ставови за јогата. 

Јогата постои подеднакво за сите. За оние кои имаат свитливо и еластично тело, но и за јогини и јогинки со одредени телесни ограничувања или пак, со килце повеќе. Сите умеат на свој начин да го достигнат блажениот мир и безусловната радост. Јога е состојба на свеста, а не извртена положба на телото.

Јогата му помага на научникот да биде подобар научник, а на спортистот да биде подобар спортист. Јогата му помага на човекот да стане  подобра верзија од самиот себе. Преку јогата почнуваме да комуницираме со нашето тело и потсвест, но и да ја препознаеме волјата на нашето сопствено битие. Јогата не бара да веруваме во нешто спротивно на нашите ставови, ниту пак, да  следиме одредена религија или убедување.

Јогата не е хиндуизам, иако содржи елементи на хиндуизмот, бидејќи долго време се практикува на тлото на Индија. Хиндуизмот е религиска филозофија, извор на различни религиозни системи, а некои Индуси се исто така и Јоги. Но, сите Јоги не се Индуси. Покрај тоа, хиндуизмот е термин употребен од западот за да опфати под едно име збир на различни религиозни учења и практики кои се појавиле главно во и околу Индија.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk