Што е тоа холизам?

Постулатот на холизмот е дека целината е поважна од деловите што ја сочинуваат, односно дека системот (целината) има својства што не можат да се изведат од збирот на елементите што го сочинуваат.

Холизмот и здравјето на луѓето…

Холистичкото здравје го промовира верувањето дека нашето здравје е резултат на сложени и симболични врски помеѓу умот, телото и душата. За да се одржи добро здравје, овие три фактори мора да бидат во рамнотежа.

Човечкото тело е составен дел на природата како целина. Тоа не е посебен ентитет туку израз на целиот свет и процесите што се случуваат во него. Концептот на холизмот не учи дека и внатрешната и надворешната средина се неопходни за нашето здравје и благосостојба и дека и двете мора да бидат во рамнотежа.

Холистичкото здравје добива сè поголема популарност, бидејќи луѓето разбираат дека телото не е само збирка на делови, туку целина која е неразделна од неговите составни елементи. Холистичката медицина се фокусира на целата личност, а не само на симптомите, а холистичките практичари веруваат дека мора да се земат предвид сите аспекти од животот на една личност за да се постигне оптимално здравје. Кога одите кај холистички практичар, земањето анамнеза (интервју со пациентот со цел да се соберат сите информации за да се открие болеста и да се постави точна дијагноза) трае многу долго и се чини дека има многу прашања кои немаат  директна врска со симптомите на кои се жалиме.

Сите права се задржани / vedanta.mk

!!! ВНИМАНИЕ !!! Материјалот којшто се обидувате да го ископирате има авторски права. За преземање на делови од содржината на сајтот обратете се на yoga@vedanta.mk